Заедничка изјава на учесниците и учесничките на 6тиот БАСК

Со убиствата на Мартин Нешковски од Р. Македонија, Александрос Григоропулос од Грција, Карло Џулијани од Италија и многу многу други, државите го откриваат своето вистинско лице на слуги на бруталниот процес на неолиберализација. Како последица на тоа, тие мора да станат уште понасилни и порепресивни.

Денешните држави, коишто ги изгубија сите можности да ги понудат малкуте основни права за кои граѓанските движења успеале да се изборат, како социјална заштита, образование и здравство, ја изгубија јавната улога: нивната единствена мисија е да имплементираат мерки кои ќе овозможат слободно владеење на капиталот и да изигруваат полициски кучиња за мултинационалните корпорации, менаџерските влади и нивните мафии.

Во свет каде расизмот, ксенофобијата, национализмот се користат за да го пренасочат општото незадоволство од сѐ поголемата сиромаштија и растечките класни разлики, борбата против глобалниот капитализам и полициската држава е нашиот единствен избор.

No comments:

Post a Comment